-->
-->
И со многу пари не може да се купи Кеита?!
-->
Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул ги понудил за Наби Кеита.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ова лето имаше желба да го донесе играчот од Гвинеја на „Енфилд“, но Лајпциг нема намера да продаде еден од своите најдобри играчи.
„Ние не ги продаваме играчите што се под договор само за профит. Добивме понуда од 75 милиони евра за Кеита, но нема шанса да го пуштиме, тој е под договор“, рекол Матешиц за „Билд“.
„Доколку го продадеме, тоа нема да биде само доказ на недоверба кон нашите навивачи, туку и ќе испратиме погрешен сигнал до останатите играчи, еден од нив е Тимо Вернер за кого добиваме понуди“, дополнил Матешиц.
Наби Кеита (22) има договор со Лајпциг до 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата