И Ристовски доби условна шестмесечна казна за „Насилство во Центар“
Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристовски, кој призна вина како обвинет во случајот „Насилството во општина Центар“ денеска е осуден на шесмесечна условна казна.
Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина.
- По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење, рече Ристевски во судницата.
Претходно, како што објави МИА, обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, преходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.
По однос на останатите обвинети за овој предмет, во кој првообвинет е поранешниот премиерот Никола Груевски, главната расправа ќе продолжи на 7 декември.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет