И ПУКАЛ ВО ГЛАВА, ПА СПИЕЛ СО НЕЈЗИНИОТ ЛЕШ: Тоа не е најлошо! Причината ќе ве запрепасти

Дваесетиедногогодишно момче признал дека пукал во жена, мајка на четири деца, а потоа имал секс со неа, сето тоа од чиста радозналост за да почувствува како е да се убие некого, а потоа да се има секс со лешот.
Аманда Суарез (25) е убиена откако одбила сексуална понуда од осомничениот Кристофер Вилијам Шоуса. Тој се појавил во нејзината куќа на Флорида и откако го одбила отишол до камионот и земал пушка со која и пукал во глава.
Чинот се случил во кујната, а за тоа време 2 годишната ќерка на Аманда била во другата соба.
Полицијата го уапсила Кристофер три дена покасно и веднаш го признал злочинот.
Како што се испоставило, Кристофер ја запознал Аманда додека се забавувал со нејзина роднина, поради што бил во кучќата на Аманда неколку пати пред кобната вечер.
Полицијата го фатила Кристофер така што го пронашле неговиот мобилен телефон на околниот пат, на кого имало траги од крв на жртвата и во кој имало фотографија од станот на несреќната жена.
- По неговото признание, тој само просто сакал да доживее како е да се убие некого. А потоа кога веќе го направил тоа сакал да дознае и како е да се има секс со мртво тело, изјавиле истражителите, а пренесува Дејли Меил.

На Кристофер му е доделена казна за убиство со умисла од прв степен, вооружен грабеж и запоседнување на имот, сквернавење на тело и блудство.
Ново на Сител
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
