И покрај сушата нивото на хидроакумулациите во Струмичко е стабилна
И покрај лошата хидролошка состојба, која засега најмногу се одразува на нивото на најголемата хидроакумулација во регионот-браната „Турија“, останатите се исти со ланското ниво во овој период, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.
-Во „Турија“ моментно има околу 20 милиони кубни метри вода, што во споредба со лани овој период е помалку за 18 милиони, а за да го достигне максималното ниво од 50 милиони кубни метри вода потребни се уште 30 милиони. Годишно од хидроакумулацијата градот троши меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење, а за наводнување се користат 12 милиони кубни метри вода, што значи дека за цела година имаме собрано вода во нашата најголема хидроакумулација. Но, и покрај сушниот период се надевам дека до крајот на април, кога почнува наводнувањето, драстично ќе се зголеми нивото на браната „Турија“, вели директорот на Подружницата „Струмичко Поле“, Лазар Ѓоргиев.
Додава дека и во акумулацијата „Водоча“ од вкупниот капацитет од скоро 27 милиони кубни метри вода има околу 13,5 милиони, што во споредба со лани истиот период е помалку за 3,5 милиони кубни метри вода. Годишно од неа се трошат 6 милиони кубни метри вода.
Помалите акумулации „Новоселка“ и „Маркова Река“ се полнат со нормално темпо, додека „Иловица“ веќе прелива.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника