-->
-->
И по синоќешната средба остануваат клучните разлики за законот за јавно обвинителство
-->
Министерството за правда соопшти дека вчера се одржала средба меѓу претставници на власта и опозицијата на која бил разгледан последниот законски текст за јавното обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, но оти и натаму клучните разлики остануваат.
-Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите за законот да продолжат. Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија, соопшти Министерство за правда.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека е изработена нова верзија на законот за јавно обвинителство во која, како што посочи, во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на барањето на опозицијата за исфрлање на „бомбите“ како доказ, премиерот рече дека тоа е прашање што е прифатено.
-„Бомбите“ или т.н. материјали за неовластено прислушување нема да бидат користени во доказна постапка во идното работење на Јавното обвинителство, кажа Заев. Појасни дека „бомбите“, што веќе се во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите после 30 јуни 2017 година тие нема да бидат докази во постапките.
Заев рече дека очекува по овие промени процесот да успее и замоли тоа да се случи побргу поради парламентарната процедура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата