И официјално се разведоа Џони Деп и Амбер Херд

Холивудскиот актер Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд вчера го финализираа разводот по неколкумесечен спор околу конечните услови за нивната разделба, соопштија американските медиуми.
Судската одлука предвидува Џони Деп да плати седум милиони долари, кои Херд вети дека ќе ги даде во добротворни цели.
„Задоволни сме што овој непријатен период за г-дин Деп и неговото семејство веќе е зад нив. Фактот што судската одлука за финализирање на разводот беше донесена денеска, го направи овој петок 13. особено среќен, се наведува во соопштението на адвокатката на Џони Деп Лаура Восер.
Херд поднесе барање за развод во мај минатата година. Двајцата се запознаа во 2011 година и се венчаа во февруари 2015 година
Херд ќе го добие „старателство" на нивните двете кучиња Пистол и Бу и на коњот Ароу. Тие ќе си поделат и некои други сметки, вклучувајќи автомобили и недвижности. Никој нема да добива финансиска издршка.
Во договорот за развод, исто така, има доверлива клаузула која ги обврзува да не разговараат за нивната врска во интервјуа и на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
