-->
-->
И одбојкарите ќе играат Лига на нации
-->

Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) официјално го најави формирањето на новото натпреварување, Лига на нациите.
Ова натпреварување ќе биде замена за Светската лига во машка, односно Гран при серијата во женска конкуренција, и ќе почне во 2018 година.
Во Лигата на нациите ќе учествуваат 12 машки и женски тимови, а четири екипи ќе аплицираат за да можат да се борат за место во елитното друштво.
Двете најлошо пласирани репрезентации по завршувањето на турнирскиот дел, своите места ќе им ги препуштат на тимовите од втората дивизија. Победникот на Лигата на нациите ќе биде одлучен на завршен турнир, наречен „Фајнал сикс“.
Лига на нациите, учесници:
Мажи: Русија, Бразил, Италија, САД, Кина, Србија, Франција, Аргентина, Иран, Полска, Германија, Јапонија.
Апликанти: Австралија, Јужна Кореја, Канада, Бугарија
Жени: Русија, Бразил, Италија, САД, Кина, Србија, Холандија, Тајланд, Турција, Јужна Кореја, Гемранија, Јапонија.
Апликанти: Аргентина, Доминиканската Република, Полска, Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
