-->
-->
И ја отстраниле матка поради рак: Сепак по четири обиди, таа на свет донесе момче!
-->

Една мајка од Шведска, која поради болест од рак ја изгубила матка на 20 години, вели дека се уште не може да верува дека во рацете го држи сопственото дете.
Нејзината матка и ја „отстапила“ нејзината мајка.
- Се уште не можам да го опишам моето задоволство и среќа. Сето она што го сонував, сега е реалност, - изјавила мајката која сака да остане анонимна.
Д-р Метс Бренсторм вели дека до сега имало два вакви обиди за трансплатација на матка, но за жал ниту еден не бил успешен.
Лекари од Франција, Велика Британија и САД се обединиле за ваков вид на операција, но донатор бил починато лице, а не живо како во овој случај.

Гордата баба, има околу 50 години и вели дека не размислувала многу за идејата на нејзината ќерка.
- Не само што имам внуче, мило ми е што влегов во историјата на модерната медицина, - изјавила бабата.
После четири обиди, таа конечно останала трудна. Бременоста поминала без никакви проблеми, а мајката родила совршено здраво момче.
Бренсторм посочува дека со своите колеги работи на усовршување на оваа процедура, а се надева дека во иднина матката ќе може да се трансплатира и од починати жени.
Во моментов тој соработува со колеги од Индија, Сингапур, Либан и Аргентина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
