ОН и хуманитарните партнери го претставија планот за одговор на бегалска криза

Активности за чија реализација се предвидени во износ од 39,4 милиони долари се планираат за Македонија како дел од регионалиот план за шест земји чија цел е да ја ублажи кризата со бегалци и мигранти.
- Планот, презентиран денеска во Скопје ги надополнува хуманитарните активности во организација на Владата и ги покрива активностите на осум агенции на Обединетите нации со седиште во Скопје и 16 различни невладини организации. Вклучувајќи ги и останатите пет земји покриени со планот – Турција, Грција, Србија, Хрватска и Словенија – вкупниот буџет за регионалниот план за одговор на потребите на бегалците и мигрантите изнесува 550 милиони американски долари, се вели во денешното соопштение од претставништвата на УНХЦР, ИОМ и ОН во Скопје.
Приоритетите што ќе се финансираат во 2016 се заштита, храна, здравје и исхрана, вода, санитација и хигиена, засолништа, и непрехранбени производи како зимска облека. Исто така се планира поддршка за Гевгелија и Куманово, за да се осигура дека општините-домаќини ќе можат да ги нудат клучните јавни услуги како управување со отпадот во прифатните центри без да се загрозат нивните обврски кон локалното население.
Ново на Сител
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
