Балкан
16. May 2017 - 10:39

И грчките адвокати во штрајк

Управниот одбор на Адвокатската комора на Атина соопшти дека нејзините членови утре нема да работат во знак на протест против измените во нивниот систем за социјално осигурување.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Комората, исто така, најави дека ќе поднесе жалба до Советот на државата и до Европската комисија против управните акти кои ќе бидат усвоени во рамките на новиот предлог-закон за кој се дебатира во Парламентот, и нагласи дека со новите закони се кршат постоечките синдикални закони за социјално осигурување.