И денеска штрајкови и протести во Франција
Штрајковите во рафинериите за нафта продолжуваат и денеска во Франција, а жителите ширум земјата протестираат затоа што се гневни на Владата, која го протурка предлогот за зголемување на старосната граница за државната пензија без гласање во Парламентот.
Како што пренесуваат странските агенции, широко распространетите немири, во комбинација со ѓубрето по улиците на Париз, ги поставија претседателот Емануел Макрон и француската Влада пред нивниот најголем предизвик од демонстрациите на Жолтите елеци во декември 2018 година.
„Повеќе од една третина од оперативниот персонал во нафтените рафинерии и магацини на Тотал Енерџис, на локации како Фејзин во југоисточна Франција и Нормандија на северот на земјата, стапија денеска во штрајк“, изјави портпаролот на компанијата.
Во меѓувреме продолжија и штрајковите на вработените во француските железници.
Уште еден собир е планиран за денеска подоцна во Париз.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
