И денеска продолжува протестот на ВМРО-ДПМНЕ
Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. СДС го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите институции се ставени под партиската чизма, а во функција на реваншизмот кој се спроведува. Институциите наместо да го спроведуваат законот, ги спроведуваат партиските наредби. Партиското судство врши нарачан удар врз сите слободномислечки Македонци, кои и кажаа не на Тиранската платформа. Законите се деградирани, а правната држава не постои. Контролираното судство од СДС одобрува нарачани притвори за луѓе без основни елементи на кривичното дело кое им се става на товар, а повторува предмети како „Монструм“, каде беа убиени 5 момчиња, а се најавува меѓународна истрага за терористите од „Диво Насеље“ кои убија 8 припадници на македонската полиција, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта става во затвор уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата, додека во исто време изготвува закон за амнестија на над 1.000 затвореници, извршители на тешки кривични дела.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје се додека трае овој атак врз Македонија, најавуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Ново на Сител
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Автомобил „форд“ излетал од патот Ресен - Битола, тешко повреден 68 годишен битолчанец
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија