Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по распит на 12 осомничени за несреќата на железничката станица во тој град, донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за приведување на 13 од нив, меѓу кои и едно лице кое е во странство, јави дописникот на МИА од Белград.
Меѓу нив се и министерот во оставка Горан Весиќ, поранешната министерка и в.д директорката на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, како и поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.
За сите нив е предложен притвор за да не се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, за да не го повторат делото, како и поради вознемирување на јавноста. Според осомничената Ј. С. М., покрај наведените основи, а поради тоа што е недостапна за органите на прогонот, по неа е предложено да се распише и потерница.
– Осомничените Ј. Т, Г. В, А. Д. и Н. Ш. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, а осомничените С. Н, М. Ј, Љ. М. М, М. С, Д. Ј, М. Г, З. С.
М, Ј. С. М. и Д. Т. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно изведување градежни работи, се вели во соопштението на ВЈТ.
Вишиот суд во Нови Сад претходно и одреди притвор до 30 дена на Љ. М. М.
Порталот Нова економија пред два дена објави дека меѓу уапсените е и Љиљана Милиќ Марковиќ, која е потпишана како Главен проектант.
Таа воедно е предавач на Архитектонско-градежниот и геодетски факултет во Бања Лука.
Уапсен е и Слободан Наумовиќ од Сообраќајниот институт ЦИП, проектантот на изградбата на реконструкцијата и адаптацијата на зградата на станицата во Нови Сад.
Како што дознава Нова економија, уапсени се и Дејан Тодоровиќ и Марина Гавриловиќ, инженери вработени во француската компанија Ежис.
Тодоровиќ беше ангажиран на функцијата Надзорен орган за инфраструктурни објекти на службени места, а Гавриловиќ беше Надзорен орган за архитектура на делницата 1, која ја опфаќа Железничката станица во Нови Сад.
Српскиот огранок на францускиот Ежис изврши директен надзор над работите на Железничката станица.
Засега никој не е уапсен од компанијата Проект Биро Утибер, српската филијала на истоимената унгарска компанија и главен член на конзорциумот кој ја доби работата да ја надгледува работата на целиот железнички проект од Белград до границата со Унгарија.
Според дел од српските медиуми министерот во оставка Весиќ од вчера стапи во штрајк со глад.
Во трагедијата што се случи на 1 ноември, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Ново на Сител
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
-
Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година
-
Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас
-
Кристоф Ле Риголер: Да бидеме реални, не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на евроинтеграција
-
Продолжуваат преговорите за пласманот на средствата од унгарскиот заем на стопанството
-
Бајден и Макрон разговараа за прекин на огнот во Либан