И бугарската Влада го објави Договорот за добрососедство со Македонија
По македонската, и бугарската Влада го објави и го направи јавно достапен Договорот за пријателство, дпбрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Договорот е објавен на веб страницата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Владите на двете земји вчера го одобрија усогласениот текст на Договорот кој треба да го потпишат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август во Скопје.
Документот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски спроед Уставот на Република Бугарија.
Македонскиот премиер Заев вчера изјави дека Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија, нуди огромни можности за соработка и го отвора патот кон ЕУ и НАТО.
Борисов, пак, оцени дека со потпишувањето на Договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се востановат односи на искрено пријателство, базирани на европските вредности.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство за плаќал лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани