Хуманитарни пакети од Општина Карпош за социјално загрозени семејства

Општина Карпош денеска додели хуманитарни пакети со кондиторски и прехранбени продукти, како и средства за лична хигиена на четири социјално загрозени семејства.
Градоначалникот на општината Стевче Јакимовски и вработени од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита посетија едно семејство во населбата Злокуќани и три во Бардовци.
- На терен се соочуваме со различни животни приказни, односно лични човечки проблеми, и максимално се трудиме да им помогнеме и да ги решиме. Се сретнавме со самохран татко кој има три деца кои се занимаваат со прибирање на секундарни суровини за да обезбедат егзистенција. Нашата намера е да му помогнеме на ова семејство, децата да ги запишеме во училиште, и да им обезбедиме една посветла иднина. На друго семејство кое има лице со посебни потреби му помагаме на начин што им ги олеснуваме административните лавиринти, со цел да добие соодветна социјална помош, рече Јакимовски.
Градоначалникот рече дека исто така граѓаните биле советувани како да постапат при имотно-правна делбена постапка, која не е во општинска, туку во судска надлежност, бидејќи не се запознати целосно со административните процедури.
Делегацијата од Општина Карпош го посети инклузивниот центар за деца од Бардовци и Злокуќани „Монтесори“, поддржан од Општина Карпош, кој се наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“.
- Овој центар веќе постигнува одлични резултати со учениците, и веќе од деца кои биле на социјалните маргини и немале можност за наобразба, сега имаме деца кои ја владеат азбуката, бројат, и се подготвени за училишна настава. Токму ова ми претставува големо задоволство, бидејќи овие деца ќе ги насочиме кон една посветла иднина, и ќе ги отстраниме од девијантни појави, кои можат да им го загрозат животот, изјави градоначалникот Јакимовски.
Посетата беше реализирана во рамки на одбележувањето на роденденот на Општината
Ново на Сител
-

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец
-

Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери
-

Бомба поставена на автомобил на Бит Пазар, додека е во Италија, сопственикот добил порака со закана
-

Две машки и едно девојче се тепале во двор на основно училиште во Драчево
-

Патник нападнат од возачот на меѓуградски автобус откако влегол во автобусот
-

78-годишен возач излетал од патот на скопска обиколница
-

Опожарени два автомобила во скопски Аеродром
-

Кривична за маж од скопско, со дрвен предмет пробал да го убие својот брат
