Хуманитарна Велигденска акција за социјално загрозените семејства
Храна, сокови, јајца, велигденски бои, украси и стикери може да се донираат во рамки на хуманитарната акција „Стопли срце-Велигденска трпеза за сите“ наменета за социјално загрозените семејства.
- Ајде Македонијо, да се обединиме! Се приближува нашиот најголем и најубав празник Велигден, празник кога сите заедно со нашите семејства седнуваме на трпеза и го славиме Христосовото Воскресение. Празник кога нашите деца ќе трчаат, ќе се смеат, ќе се кршат со јајца, ќе се радуваат.... За жал ова нема да биде во сите домови. Има многу семејства кои се тажни поради тоа што немаат ниту леб да стават на маса за празникот, а камо ли нешто повеќе, се вели во прогласот на хуманитарната акција.
Донациите во Скопје ќе се собираат до 6 април во Нано Бар во Дебар маало позади Градежен факултет.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости