Хуманитарна претстава за лекување на 12-годишниот Блаже Пешевски од Кавадарци
Актерите од Домот на културата во Кавадарци синоќа хуманитарно ја изведоа претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Диме Коцевски. Парите од влезниците беа наменети за лекување во странство на 12-годишниот Блаже Пешевски.
Претседателот на кавадаречкиот Црвен крст Димитар Каракулев појасни дека претставата беше во организација на Клубот на млади при Општинската организација, а во рамки на програмата „Промоција на хумани вредности“.
- Кавадарчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост, а особено младите волонтери од Црвениот крст кои досега имаат реализирано неколку вакви и слични хуманитарни активности, се со цел да се помогне таму каде што е неопходно, нагласи Каракулев.
Во еден момент претставата прекина и на бина излегоа волонтерите на Црвениот крст заедно со актерите од театарот. Со торта и песна, тие му го честитаа роденденот на младиот кавадарчанец и му посакаа здравје и прослава на уште многу родендени.
- Голема благодарност до културниот дом „Иван Мазов-Климе“ и актерите од оваа театарска претстава, кои изразија солидарност во оваа хуманитарна акција организирана од нашите волонтери кои доаѓаат од Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во кое учи и Блаже, рече Каракулев.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците