-->
-->
Хуманитарна помош за шестчленото семејство во село Градиште
-->
Хуманитарна помош му донираше Црвениот крст-Куманово на шестчленото семејство во село Градиште кое живее во субстандардни услови.
Брашно, прехранбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки, се дел од помошта.
Црвениот крст-Куманово ќе го вклучи семејството во новиот циклус од проектите за хумана вредност, а планира и хуманитарен-спортски настан за собирање средства кои, исто така, ќе бидат наменети за ова семејство.
- Апелираме до сите хумани граѓани кои имаат покуќнина, кревети, каучи, комоди,..., а не ја користат, заеднички да му погнеме на шестчленото семејство, велат од Црвениот крст-Куманово.
Црвениот крст ќе продолжи да контактира со семејството цела година и во рамки на своите можности ќе му обезбедува најнеопходна помош. Во семејството има три малолетни деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти