-->
-->
Хуманитарна акција за лекување на новинарот од Берово Зоран Двојаковски
-->

Во Берово се организира голема хуманитарна акција за собирање финансиски средства за лекување на новинарот од Берово, Зоран Двојаковски.
Двојаковски е момче во количка со тежок хендикеп на нозете. Пред два месеца му е дијагностициран тумор на бешиката. Соочени со неизвесноста и долгото време на чекање за операција на Клиниката за урологија во Скопје, тешките здравствени проблеми и брзото растење на туморот, го принудуваат Двојаковски да се лекува во соседна Бугарија каде му се потребни 5.000 евра. Овие средства, неговите пријатели и сограѓани, решија да ги обезбедат со хуманитарна акција.
Пријателот на Двојаковски, Сенад Расимов, вели дека донаторската забава ќе се организира во недела во локалот Чилин кафе со почеток во 19 часот. - Се е подготвено за недела. Се очекува граѓаните масовно да присуствуваат на забавата за да му помогнеме на Зоки, рече Расимов.
Според Марин Демировски од Општина Берово, Двојакоски како уредник на порталот Малеш-нет, секогаш бил тука за Берово, а сега Берово му е потребно на Зоки.
- Деновиве почна хуманитарната акција за средства за лекување на нашиот сограѓанин, преку институциите и медиумите, во тек е постапка за отворање телефонски броеви за донации. Зоки е исправен пред сериозен предизвик и граѓаните се тука да му помогнат, истакна Демировски.
Првата донација на жиро-сметата на Двојакоски пристигна од Општина Берово. Советот донесе одлука за исплаќање 20.000 денари на сметката на Зоран Двојаковски, 200000200045905 СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
