Хуманитарна акција во Охрид за лекување на Јана Арсовска
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид утре ќе биде одржан хуманитарен концерт под мотото „Заедно за Јана“ на кој ќе настапат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Танески и Владимир Четкар.
Триесет и тригодишната Јана Арсовска од Охрид е болна од многу редок карцином, адултен неуробластом за чие лекување двапати била трансплатирана со коскена срж со поддршка од ФЗО, а подоцна била лекувана во Фленсбург, во Германија.
Целокупниот третман за лекување на Јана во Барселона чини 213.329 евра, а првиот месец од кампањата собрани се 80.000 евра. Болницата во Барселона не прифаќа аванс за почеток на терапија, туку бара истата да биде исплатена во целост пред почетокот на лекувањето.
Цената на влезницата е 300 денари, а сите собрани средства ќе одат на сметката за лекување на Јана.
Останатите начини за донирање во секој еден момент се преку мобилните оператори Т-Мобиле на 143 -143 и преку А1 на 143-467. Донации преку денарска жиро сметка може да се уплатат на 5305-0001-0490-410, Охридска Банка а сметката за банкарски уплати од странство е IBAN:MK07530280003077681 , SWIFT: OHRDMK22. Преку интернет може да се донира на страницата gofundme.com/hopeforjana.
Ново на Сител
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид