Хуманитарна акција на младите од Црвен крст за собирање средства за семејство од социјален ризик во Делчево
Младите волонтери на Црвен крст денеска во Делчево организираа хуманитарна акција за собирање средства за семејство од социјален ризик. Kако што информираше волонтерот Михаела Маџовска средствата од акцијата ќе бидат наменети за помош на самохрана мајка со две малолетни деца.
-Ние волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска имаме собирна акција за семејство од Делчево, поточно самохрана мајка со две малолетна деца. Акцијата започна од 9 часот и ќе трае до 13 часот пред просториите на Црвен крст Делчево. Собираме храна, хигиенски средства, облека и парични средства кои ќе ги намениме за некои основни работи кои му се потребни на ова семејство, истакна Маџовска.
Ваквите гестови се препознатлив знак за волонтерите од Црвен крст Делчево, кои во големиот број досегашни акции кои ги имаат спроведено, помогнале на голем број на семејства, кои живеат на територијата на општина Делчево, а се претежно семејства од социјален ризик.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата