-->
-->
Хуманитарен натпревар на кошаркарите на Гостивар и Работнички
-->
Пред стартот на новата сезона во македонскиот кошаркарски шампионат, екипите на Гостивар и Работнички вечерва ќе одиграат пријателски натпревар од хуманитарен карактер.
Иницијативата за овој натпревар ја покрена раководството на клубот на гостиварскиот клуб, кој во претстојната сезона ќе се натпреварува во кошаркарската „елита“ на Република Македонија, а за помош на Ивица Стрезовски.
Триесет и пет годишниот Ивица, родум од Гостивар, боледува од спиноцеребрална атаксија и му е потребно лекување со матичи клетки во треба да се направи во Кина, а за кое се потребни 18.000 американски долари.
Натпреварот под мотото „Играме за Ивица“ ќе се одигра во салата „Младост“ во Гостивар со почеток во 19 часот.
Влезница за натпреварот чини симболични 50 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал