Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска
Голем хуманитарен настан со поддршка од општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина, Марија Михајловска ќе биде организиран денеска во реонскиот парк.
Целокупната програма стартува од 12 часот напладне со крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров, а продолжува вечерта од 19 часот и 30 минути со музички перформанс на повеќе изведувачи. Средствата собрани од пијалоците вечерта ќе бидат донирани за Симона Николова од Скопје која боледува од Фридрикова атаксија.
Општина Ѓорче Петров ги повикува оние кои се во можност да присуствуваат на хепенингот, да и оддадат почит на Марија и да бидат хумани, односно заедно да придонесат во лекувањето на Симона.
Марија Михајловска пред две години на 28-годишна возраст загина во сообраќајна незгода. Со настанот, постхумно, денеска ќе биде одбележан нејзиниот 30-ти роденден.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска