-->
-->
Хуманитарен фолклорен концерт во Kрива Паланка
-->
Во организација на младите волонтери од Црвениот крст кои го имплементираат проектот Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности, синоќа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка фолклорните здруженија од градот учествуваа на хуманитарен концерт.
Учесници беа културно уметничките друштва „Осми октомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“, а со три музички точки се претставија и лицата со оштетен вид од Крива Паланка.
- Нашите сограѓани уште еднаш потврдија дека хуманоста е нивна силна страна, се одѕваа во голем број на нашиoт настан, влезниците беа распродадени, а бидејќи цената беше симболична собрани се околу 15.000 денари. Средствата ќе ги намениме за едно четиричлено семејство во социјален ризик од село Конопница, изјави Вера Петкова, лидер на тимот ЦКА-ПХВ.
Тимови од ОО на Црвен крст Крива Паланка продолжуваат со хуманата мисија за помош на сограѓаните со штанд за продажба на палачинки кој денеска ќе биде поставен на зелениот градски пазар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место