Хуманирана акција за помош на семејството од Пехчево чија куќа изгоре во пожар
Општина Пехчево организира хуманитарна акција за собирање помош за семејството Митринови од на кое во пожарот пред четири дена им изгоре куќата и целата покуќнина.
Живко Каликов одговорен за односи со јавноста од Општина Пехчево, ги повика сите хумани граѓани и фирмите да донираат за да се помогне на четиричленото семејство.
- Акцијата ја најавуваме за в понеделник. На градскиот плоштад ќе биде поставен соодветен штанд, каде ќе се собираат донациите. Она што најпрво треба да се собере се градежни материјали за да може ова семејство да се врати да живее во куќата, бидејќи од неа се останати само голи ѕидови. Јас ги повикувам сите хумани да дојдат и да помонат, рече Каликов.
Никола Митринов, сопственик на една од двете куќи кои беа зафатени од пожарот, апелира за помош.
- Немаме ништо. Се ни изгоре за 13 минути, се што создававме во изминативе 30 години. Немаме облека, парите ни изгореа, се ни изгоре. Молам за помош, кој со што може да помогне, рече Митринов.
Семејството Митринови од Пехчево ги очекуваа донациите на сметка 300057085856484, Комерцијална банка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца