Македонија
6. December 2015 - 9:10

Хуитфелд од норвешкиот Стортинг во посета на македонското Собрание

Во посета на Собранието на Република Македонија утре ќе престојува Аникен Хуитфелд, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на норвешкиот Стортинг.

За време на посетата, како што е најавено, Хуитфелд ќе оствари средби со Антонио Милошовски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика, како и со Емил Димитриев, претседател на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.