„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања
Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ денеска почна постапка пред американски суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за ограничување на продажбата на неговата телекомуникациска опрема, што е најнов потег во тековниот конфликт со американската Влада.
Главниот правен застапник на „Хуавеи“, Сонг Лупинг, изјави на прес-конференција дека компанијата поднела барање, судот да пресуди без да се одржи расправа за тоа дали е во согласност со Уставот тоа што САД спроведуваат одредба за воен расход, со која на Владата и на нејзините изведувачи на работа, им се забранува да користат опремата на „Хуавеи“.
-Таа одлука се заканува да ги погоди нашите клиенти во повеќе од 170 земји, вклучувајќи и повеќе од три милијарди корисници, кои ги користат производите и услугите на „Хуавеи“ ширум светот, вели Сонг.
„Хуавеи“, најголем светски производител на мрежна опрема, се бори да го задржи пристапот до главните пазари за комуникациска опрема, бидејќи САД ја стави компанијата на „црната листа”, тврдејќи дека таа претставува закана за меѓународната кибер-безбедност.
Сонг наведе дека „кампањата, која ја води државата“ против „Хуавеи“ нема да ја подобри кибер безбедноста.
-Политичарите во САД ја користат моќта на една цела нација за да гонат една приватна компанија. Тоа не е нормално, рече тој.
-Нема пиштоли, нема чад, само шпекулации, рече тој, обвинувајќи ги САД за создавање „опасен преседан“.
-Денес тоа се телекомуникациите и „Хуавеи“. Утре може да биде вашата индустрија, вашата компанија, вашите потрошувачи, заклучи Сонг.
Ново на Сител
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини