Хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка
Хрвaтскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ соопшти дека решил да поднесе неотповиклива оставка на функцијата, како реакција на изјавата на претседтелката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ дека армијата требало порано да биде ангажирана во гаснењето на големиот пожар во реонот на Сплит.
- Ја нудам мојата функција на располагање. Премиерот Андреј Пленковиќ или претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ можат вденаш да ме сменат, дококу се докаже оти Вооружените сили не реагирале на време и квалиететно на пожарот, изјави Крстичевиќ.
Тој во изјава за весникот „Јутарњи лист“ нагласи дека не добил никакво официјално барање од главниот противпожарен командант за ангажирање на припадници на Хрватската војска во гаснењето на пожарот,
- Во моментов на терен се наоѓаат 200 војници, а уште 500 се во состојба на готовност. Нашите војници „изгинаа“ во гаснењето на пожарот, нагласи Крстичевиќ.
Како што јави ХИНА, Грабар-Китаровиќ претходно изјави дека војската „можела и порано да помогне“ во гаснењето на пожарот кај Сплит и побара да се спроведе истрага за тоа како избувнала огнената стихија и како се проширила толку брзо.
- Сметам дека војската можеше и порано да излезе на терен. Иако не се обучени и немаат опрема како пожарникарите, се работи за пожар од таков опсег за чие справување е потребна сечија рака, изјави Колинда Грабар-Китаровиќ.
Ново на Сител
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје