Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа.
Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по разговорот што го имаше со министерот за правда Дражен Бошњаковиќ и по повикот од премиерот Пленковиќ, да се повлече, бидејќи во спротивно ќе биде разрешен.
Јелиниќ за медиумите во Хрватска кажа дека од првиот ден на преземањето, функцијата ја извршувал со гордост, посветено и професионално, а во својата работа се раководел само од Уставот и законите на државата.
Инаку, државниот јавен обвинител Јелениќ во вторникот јавно кажа дека е масон. Тој тврдеше дека докторот Никица Габриќ, кој исто така бил масон, се обидел да влијае врз текот на истрагата против тројца новинари, кои наводно го уценувале, барајќи од него 200.000 куни, доколку не сака да бидат објавени фотографии од церемонија на масонската ложа не која тој припаѓал.
Под сомнение дека извршиле обид за изнудување, во петокот полицијата во Загреб уапси тројца новинари.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
