Хрватска утре ќе ја претстави својата замисла за интегрирањето на Балканот во ЕУ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во Стразбур треба да се обрати пред Европскиот парламент каде ќе ја претстави хрватската визија за проширувањето на Европската унија кон Балканот. Хрватскиот премиер ќе говори паралелно со претставувањето на стратегискиот документ за проширувањето кон Балканот на Европската комисија,а според новинската агенција ХИНА, Пленковиќ ќе се осврне на потребата да се надминат прашањата заостанати од балканските војни и на потребата да се обрне внимание на интеграциите на Босна и Херцеговина.
- Земајќи го предвид тешкиот пат кој таа земја го помина во стекнувањето на својата независност и специфичната улога што при тоа ја одигра меѓународната заедница, потребно е да се воспостави заштита на рамноправноста на сите три конститутивни народи, што не е возможно без менување на босанското изборно законодавство, пишува во писмото што Пленковиќ го испратил до претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Хрватска подолго време бара поголеми права за хрватската заедница во Босна, а од Србија бара чекори кои ќе водат кон повоено помирување. Според ХИНА, Пленковиќ ќе најави дека за време на хрватското претседавање со Европскиот совет, во првата половина на 2020 година, ќе се стави особен акцент на проширувањето кон Балканот.
Ново на Сител
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
