Хрватска министерка понуди оставка откако во сообраќајка повреди девојче

Хрватската министерка за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, денеска, под притисок на јавноста, соопшти дека на премиерот Андреј Пленковиќ му го понудила мандатот на располагање, откако во саботата изутрина, возејќи со истечена возачка дозвола удри девојче и ѝ нанесе тешки повреди.
Таа денеска пред новинарите во Загреб истакна дека веднаш по несреќата разговарала со Пленковиќ и му ја понудила својата оставка, а истото го направила и утрово. Од друга страна, во саботата владиниот портпарол Марко Милиќ рече дека ниту министерката поднела оставка, ниту некој тоа од неа го очекува.
– Јас оставка понудив од морални и сите други причини, рече Жалац, додавајќи дека апсолутно признава сè што се случило тој ден.
– Тоа што мене ми се случи во саботата, ни би сакала никому да се случи. Појдов во продавница, кога пред возилото истрча девојче. Ја удрив, веднаш и помогнав колку што можев, повикавме полиција и Брза помош и превезена е во болницата во Винковци, а оттаму во Осиек, појасни хрватската министерка.
Што се однесува на возачката дозвола, таа рече дека поради тоа што не вози често, не ја проверила дозволата и не видела дека од 2016 година не е важечка, но дополни дека тоа не ја оправдува.
Ново на Сител
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
-

УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро
-

Променливо облачно време со локални врнежи
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
