Хрватска ја скрати самоизолацијата на десет дена
Хрватскиот институт за јавно здравје објави нови критериуми за тестирање на коронавирус, прекинување на изолација и карантин.
Според новите регулативи, самоизолацијата е скратена од две недели на 10 дена.
„Според одлуката на експертската група на кризниот штаб на МЗ, самоизолацијата на лице кое е во близок контакт со болен пациент од Ковид-19 е скратена од 14 на 10 дена. Исклучок се луѓето кои работат во институции за сместување и престој за стари и сериозно болни возрасни лица и лица со попреченост, чиј карантин трае 14 дена“, се наведува во одлуката, а пренесува „Индекс“.
„Веќе некое време се зборува за скратување на самоизолацијата од 14 на 10, објавен е документ вчера. Пред некое време изолацијата беше скратена, а од вчера имаме ваква одлука во врска со самоизолацијата. Сега е 10 дена и самоизолацијата и изолацијата“, откри Ивана Павиќ-Шиметин, заменик директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
