Хрватска ДИК: Се постари се пријавуваат за кандидати за претседател на државата

Кандидатите за претседател на Хрватска се се постари – осуммина од нив кои учествуваат на изборите на 29 декември се највозрасните во изминатите три изборни циклуси, нивната просечна возраст е речиси 54 и пол години, осум повеќе од пред десет години.
Ова го покажува статистиката што ја состави Државната изборна комисија (ДИК), според која просечната возраст на претседателските кандидати во 2014 година била 46,5 години, пет години подоцна речиси 48, а годинава 54,5 години, јавија хрватските медиуми.
Во тие три изборни циклуси само еден кандидат Иван Вилибор Синчиќ имал помалку 30 години, во 2014 година. На изборите во 2019 година и годинава сите кандидати, вкупно 19, имаат над 30 години.
Најмлада кандидатка на овогодинешните избори е Ивана Кекин (Можемо), родена во јануари 1984 година, а најстара е Бранка Лозо (Домино), родена во ноември 1961 година.
Независната Марија Селак Распудиќ е родена во март 1982 година.
Најмладиот претседателски кандидат е Мостов Миро Буљ, роден во март 1972 година, а најстар независен кандидат е Томислав Јоњиќ, роден на 19 мај 1965 година, само неколку недели пред Драган Приморац, кандидатот и партнер на ХДЗ, кој е роден на 7 мај јуни истата година.
Со секои избори има се повеќе претседателски кандидатки – на изборите во 2014 година имаше една (Колинда Грабар Китаровиќ), на изборите во 2019 година се натпреваруваа три (Грабар Китаровиќ, Далија Орешковиќ и Катарина Пеовиќ).
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
