Хрватска: Даночни олеснувања за компаниите кои инвестираат во истражување и развој
Хрватската Влада денеска до Саборот испрати предлог- закон за државна поддршка за истражувачки насочени проекти со цел поддршка на компаниите што се занимаваат со истражување, развој и иновации и тоа преку даночни олеснувања.
Премиерот Андреј Пленковиќ оцени дека се работи за квалитетен закон што ќе помогне за вложување во истражување, развој и иновации.
Целта на законот е зголемување на вложувањата во приватниот сектор во истражување и развој за да се оствари целта- државата да достигне износ на вложувања во истражување и развој од 1,4 отсто БДП до 2020 година.
Во однос на научно- истражувачките активности денес Хрватска се наоѓа на долниот дел од ранг- листата на членките на ЕУ. Просекот во ЕУ е над 2 отсто БДП, а сега е под еден отсто БДП.
Најголем износ на намалениот данок на добивка, кој поради таа поддршка не мора да се плати, изнесува 300.000 евра, односно ќе се движи помеѓу 50.000 евра за студии за изводливост до 300.000 евра за темелни истражување.
Ново на Сител
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина