Пред 12. години живеел на само стотина метри од станот каде живеела Георгина и полицијата во текот на истрагата го испитувала. Тој негирал дека некогаш ја видел малата Хрватица, а истражителите му поверувале.
Тој, како што јавуваат германските медиуми, не сакал ништо да и каже на полицијата, која имала проблем бидејќи не го нашла телото на девојчето, а без телото многу тешко можело да се докаже убиството. Меѓутоа еден полицаец од истрагата рекол дека има снимено признание на Али и дека со задоволство ќе сведочи за тоа што му рекол Турчинот без оглед на тоа што неговата снимка не може да се користи на суд како доказ.
Полицаецот кој исто така имал турско потекло, во последните шест месеци бил на тајна задача и интензивно се дружел со Алија по кафулињата. За тоа време Турчинот, кој е татко на три деца, му поверувал дека стекнал нов најдобар пријател, не насетувајќи дека ортакот со кој се коцкал и картал конечно ќе му го најде крајот.
Кога полицаецот ја стекнал неговата доверба, неговите колеги пуштиле во јавност лажна вест дека е пронајдено телото на Георгина, што го навело невработениот Алија да се раззбори и на својот „пријател“ да му раскаже што се случило пред 12 години.
Сепак, соседите на Алија не можат да поверуваат дека убил невино девојче.
„Го познавам човекот 25 години. Секогаш беше грижлив, подготвен да помогне“, рече еден сосед и додава дека бил „тивок и повлечен. Очигледно скривал многу страшни тајни.
По објавувањето дека е уапсен осомничен за убиство, берлинската полиција целосно ја окупираше населбата во која живее Алија. Во фокусот на истрагата е подрум во една зграда во Берлин и кревет кој се наоѓал таму. Полицијата верува дека токму на креветот ќе пронајде докази дека Али ја намамил Георгина во подрумот и таму ја убил.