Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром
Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија.
По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром. Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација.
Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.
„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.
Ново на Сител
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани
-
ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија
-
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип - Кочани
-
Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска
-
Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО