Храна што ја гаси жедта - само за овие горештини!

Овие супернамирници ќе ви ја изгасат жедта.
Праски
Праските се како слатко уште од берење, а содржат просечно по 88 проценти вода. Воедно, тие се добар извор на витамини Ц и А, нијацин, калиум и растителни влакна. Освен што можете да ги јадете свежи, праските се погодни за готвење, во благи и солени јадења. Можете да додадете неколку парчиња во муслите за појадок, можете да ги барите и да ги сервирате со вечерата или како десерт.
Лубеница
Лубеницата освежува, а воедно има и доста благ вкус и може да се користи како десерт. Добрата вест е што лубеницата во просек содржи 92 проценти вода. Исто така, богата е со витамин Ц, но и ликопен, кој го намалува ризикот од одредени видови рак. Добра е за кожата, а во една шолја содржи само 45 калории. Најдобра за јадење е кога е изладена во фрижидер, во свежа форма. Можете да пробате сечкани парченца лубеница со кокос, потпржени во лут сос – една вкусна мексиканска комбинација.
Краставица
Краставиците не се одлични само за правење маска за очите, туку содржат големи количини витамин К, изобилуваат со антиоксиданси и имаат антивоспалителни карактеристики, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и одредени видови рак. Краставицата содржи 96 проценти вода, а во една шолја свежа краставица има само 20 калории. Најдобро е да се јадат живи, како ужинка, добро изладени, но со нив можете и да макате во некој лесен, летен сос.
Зелка
Црвената зелка содржи во просек 92 проценти вода. Исто како и најголемиот дел од салатите, зелката е нискокалорична, а го полни желудникот, задоволувајќи го гладот и во случајов жедта. Содржи огромна количина растителни влакна, витамини Ц, К и Б6, фолати, но и минералите: манган, калциум и железо. Можете да направите салата, да додадете малку тофу и да добиете одличен хранлив оброк, со голем процент на протеини.
Ново на Сител
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
-

АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
-

Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
