Храна и минерали за животинскиот свет во НП „Пелистер“

Ренџерската служба на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола ги интезивира акциите за прихранување на животинскиот свет на планината Баба.
Ниските температури и високата снежна покривка попречуваат лесно да се дојде до храна и затоа помош пружаат екипи на јавната установа кои храната ја поставуваат на повеќе локации.
– На планината Баба има неколку хранилишта кои се наоѓаат во атарот на селата Цапари, Нижо Поле и Маловиште на источната страна, и хранилиштето во атарот на селото Брајчино. На сите хранилишта се остава пченица, пченка, пакети со минерали и бали со сено, истакна Пеце Цветановски, советник во секторот за односи со јавност во ЈУ НП „Пелистер’-Битола.
Во соработка со ЦеПроСАРД, ЈУ НП „Пелистер’-Битола со 10 камери врши деноноќно снимање на неколку локации во националниот парк каде се регистрира движењето на животинскиот свет во планината.
– Од денот на поставувањето на системот за снимање и фотографирање, до денес, регистрирани се разновидни животни, но најчесто срни и еленчиња. Фотографиите со задоволство ги споделуваме на нашата фејсбук страница, посочи Цветановски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
-

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ бараат реформирање на партијата
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите се застапени во политиката
-

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
-

Полицијата целосно расчисти свирепо убиство во Штип
-

Полициските билтени полни
