Храна и минерали за животинскиот свет во НП „Пелистер“
Ренџерската служба на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола ги интезивира акциите за прихранување на животинскиот свет на планината Баба.
Ниските температури и високата снежна покривка попречуваат лесно да се дојде до храна и затоа помош пружаат екипи на јавната установа кои храната ја поставуваат на повеќе локации.
– На планината Баба има неколку хранилишта кои се наоѓаат во атарот на селата Цапари, Нижо Поле и Маловиште на источната страна, и хранилиштето во атарот на селото Брајчино. На сите хранилишта се остава пченица, пченка, пакети со минерали и бали со сено, истакна Пеце Цветановски, советник во секторот за односи со јавност во ЈУ НП „Пелистер’-Битола.
Во соработка со ЦеПроСАРД, ЈУ НП „Пелистер’-Битола со 10 камери врши деноноќно снимање на неколку локации во националниот парк каде се регистрира движењето на животинскиот свет во планината.
– Од денот на поставувањето на системот за снимање и фотографирање, до денес, регистрирани се разновидни животни, но најчесто срни и еленчиња. Фотографиите со задоволство ги споделуваме на нашата фејсбук страница, посочи Цветановски.
Ново на Сител
-
Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток
-
Шукова: Мојот план е Скопје без диви депонии
-
Кратери: Мобилизација, време е повторно да покажеме дека сме срцето на Силекс
-
Започнува грејната сезона, апел до граѓаните за навремена подготвеност
-
Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела
-
Драчево без вода
-
Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда | ФОТО
-
Трамп воведе царини за дрвена граѓа и дрвени производи