Кјерсти, со мало дете во рацете, панично потрчала да ја затвори капијата.
„Сакав на децата да им дадам доволно време да излезат од автомобилот, но не сакав крадците да влезат зошто не знаев што сакаат и дали ќе не повредат“, рече Кјерсти.
Еден маж се обиде да и помогне на мајката, но падна на земја кога го слушна пукањето.
Кјерсти отрчала цврсто држејќи го своето дете во рацете. Разбојнциите испукале неколку куршуми па побегнаа.
После тоа, мажот во шорц брзо станал и конечно ја затворил капијата.
Оваа снимка ја погледнаа илјадници луѓе, а многумина брзо искоментираа дека Кјерсти го довела во опасност и своето дете.
„Се обидов да ги заштитам децата, јас сум мајка и учителка, тоа ми е работа“, им одговори таа на критичарите.