Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот
Претседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти ги повика пратеничките групи и пратениците во републичкото Собрание да овозможат одржување на пленарна седница, на која ќе се усвојат измените во буџетот на државата, со цел справување со проблемите што на косовското стопанство му ги предизвика пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од селото Широка во општина Сува Река, каде што присуствуваше на отворањето на жетвената сезона, Хоти вети дека неговата влада ќе ги удвои субвенциите за земјоделството, но нагласи дека за тоа е потребно Собранието да ги усвои измените во буџетот и да ги ратификува меѓународните финансиски договори.
Тој рече дека знае оти некои пратеници и членови на собраниската администрација се заразени од коронавирус, но ја нагласи итноста од потребата од изнаоѓање начин за одржување седница.
Целта на Хоти, како што беше истакнато на денешната седница на Владата пред неговото заминување во Сува Река, е формирање фонд за економско опоравување, за што планира да се издвојат 400 милиони евра.
– Очекувам што поскоро да помине буџетот во Собранието, да започне целосното спроведување на пакетот за економско закрепнување, вклучително и на земјоделството. Во оваа прилика ги замолувам сите пратенички групи, сите пратеници, да се организираат во ова време на пандемијата, за што поскоро да помине и буџетот и меѓународните договори поврзани со фондот за економско опоравување, рече Хоти во Сува Река.
Владејачката коалиција има минамално мнозинство од 61 глас во 120-членото Собрание, а дополнителни проблеми со обезбедувањето на потребните гласови за усвојување на владините одлуки се појавија откако на еден од пратениците, Арбен Гаши, кој е шеф на пратеничката група на партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му беше дијагностициран коронавирус.
Во изминатите петнаесетина дена имаше два неуспешни обиди за ратификација на неколку договори за поволни кредити од Светската банка и грантови од Европската унија, вредни над 60 милиони евра. За да се склучат договорите потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, додека двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување на претходниот премиер Албин Курти и Демократската партија на Косово на поранешниот собраниски спикер Кадри Весели досега одбиваа да дадат било каква поддршка на Владата на Хоти.
Ново на Сител
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
