„Хотел со нула ѕвезди“ на врвот на Алпите

Собите всушност се многу флексибилен опис за основа со брачен кревет сред планинската убавина.
„Null Stern hotel“ е дело на концептуалните уметници Франк и Патрик Риклин, чија главна цел била да се запознаат луѓето со природната убавина на швајцарските Алпи, но на еден поразличен начин.
Во превод името на хотелот всушност значи „хотел со нула ѕвезди“, во кој собите немаат ниту прозорци, а нема ниту врата ниту кров.

Кога овој хотел се „отворил“ во 2016-та година, имал неколку соби на располагање, како апартманите Schwendi, Stump и Brust кои што се наоѓале на приближно 1.200 метри надморска височина во кантонот св. Гален.

Во нивната непосредна близина се наоѓала колиба со тоалет која што гостите можеле да ја користат, но и батлер кој што ги задоволувал нивните потреби.
За една ноќ, гостите требало да платат околу 200 евра, а исто така листата за чекање била многу долга.

Овој хотел моментално не е во функција, но за ова лето се подготвува spin-off хотел со соби без кров и ѕидови кои што ќе опфаќаат поголем број од локациите во Швајцарија, со име – Zero Real Estate.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
