Балкан
5. September 2022 - 8:57

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит

Канцеларијата на Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека поради влошување на неговите хронични болести, неговата светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит е примен на дијагноза и лекување во болницата „Софијамед“.    

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението се повикуваат свештениците, епископите и верниците во Бугарија да се молат за брзо заздравување на неговата светост, како и да ги прифатат како веродостојни информациите објавени само од Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија.

Неофит за поглавар на Бугарската православна црква беше избран на 24 февруари 2013 година, претходно беше митрополит на Русе, а за време на расколот беше главен секретар на Светиот синод.