Хороскопски знаци кои до крајот на март ги очекуваат нови можности но и големи предизвици
Нема потреба да се плашите бидејќи универзумот никогаш не ви приредува ситуации со кои не можете да се справите. Периодот од денес до крајот на март нуди многу големи предизвици, но истовремено и безброј можности за следниве хороскопски знаци.
1. Бик
Важно е да знаете дека сè ќе биде во ред. Сонцето ќе патува низ вашата дванаесетта куќа на удобноста и кармата, па немојте да се изненадите ако морате да се справите со нешто или ако треба да простите некому. Без разлика што ќе се случи, ова ви е можност да оставите нешто во минатото. Ова е можност да се одморите пред да започне вашата сезона, а одморот дефинитивно ви е потребен.
2. Девица
Не заборавајте дека ништо не е совршено. Покрај тоа, кога последен пат сте одвоиле време за себе? Деновите за одмор и за ментално здравје се секогаш потребни. Бидејќи сонцето патува низ вашата осма куќа на страста, трансформацијата и заедничките ресурси, овој период ве очекуваат долгорочни промени. Немојте да им се спротивставувате и не плашете се да бидете ранливи.
3. Јарец
Зошто се чувствувате несигурно? Со сонцето во вашата куќа на домот, семејството и емоциите, најверојатно ќе се чувствувате малку интровертно. Ова значи дека ќе сакате да минувате време со себе, во удобноста на вашиот дом, наместо да се опкружувате со луѓе. Од друга страна, вашата владејачка планета го започнува нејзиниот ретрограден циклус, па овој месец ќе мора да размислите за некои работи кои се случиле порано од очекуваното.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45