Хорор: Жени се јавувале на оглас за секс, а биле брутално мачени и убивани

Полицијата веќе со седмици го истражува случајот со смртта на 41-годишната Сузан Ф., која била заробена и мачена во куќата на поранешните сопружници Вилфред и Анџелика во Хекстер, град на северозападот на Германија.
Претепаната Сузана монструозниот пар се обидел во април да ја врати во нејзината куќа во Долна Саксонија. Колата им се расипала, па повикале Итна помош. Меѓутоа, Сузан починала во болница.

Претставници од полицијата веруваат дека Вилфред и Анџелика во август 2014. година убиле и распарчиле уште една млада жена, 33-годишната Аника В, па нејзините остатоци ги ставиле во камин. И таа се јавила на романтичен оглас кон крајот на 2013. година.

"Жртвата константно трпела многу тешка психичка тортура, била удирана по целото тело, врзувана со ланци за жешка греалка и претепувана", рекол обвинителот Ралф Мајер на вчерашната прес конференција. "Понекогаш морала да спие гола на под или во студени простории. Нејзината психичка состојба станувала сè полоша", рекол тој и додал дека летото 2014. година Аника била животно загрозена, и дека починала на 1. август.
Двете жени биле тепани и врзувани. Инспекторите сметаат дека злосторствата имале повеќе врска со докажување на моќ отколку со секс. Тоа што е најлошо, изгледа дека не биле единствените жртви на злосторничкиот пар. Има и показатели дека една жена ја преживеала средбата со двајцата садисти.

Вилфред сето ова го демантира, а Анџелика ги признала злосторствата велејќи дека само ги слушала наредбите на својот поранешен сопруг садист. Таа тврди дека се плаши од него, бидејќи знаел да ја мачи и неа.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени