-->
-->
Хорор во Трговски: Педофил се маскирал како Дедо Мраз и допирал деца
-->

Полицијата на 10 декември спроведе рација и претресе неколку станови и куќи во четири полски војводства. Откриени се многу порнографски содржини со деца и уапсени се седум мажи на возраст од 20 до 46 години.
Полската полиција уапси седум педофили, меѓу кој имало и Пољак кој се маскирал како Дедо Мраз и трагал по жртви во трговските центри пред Божиќ.
При претресот на полицијата во куќите на осомничените се запленети компјутери, екстерни дискови и ЦД со детска порнографија.
Таа мрежа на осомничени за поседување и снимање на детска порнографија разменувала содржини со посредство на интернет, а според наводите на истрагата, неколу десетици деца, момчиња и девојчиња помлади од 14 години се сексуално злоупотребувани за снимање на порно филмови.
Еден од уапсените бил задолжен во костум на Дедо Мраз да бара нови жртви, а останатите на различни места настојувале да се запознаат со непознати деца и да ги намамат на секс или снимање на порно филмови.
Уапсените се обвинети за сексуална злоупотреба на деца. Им се заканува затвор од 12 години, а судењето ќе го чекаат во истражниот затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
