Хорор во Тетово: Жени повредени во две страотни сообраќајки
Две повредени лица и материјална штета од околу 180 илјади денари се последиците од двете сообраќајни несреќи што во текот на вчерашниот ден се случиле на две различни места во Тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Првата сообраќајка се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце пред влезот во селото Доброште околу 12 часот и 30 минути. При тоа се судриле „Голф“ со германски таблици управуван од Р.А.(47) од Урошевац, Косово и „Цитроен“ со косовски таблици што го управувал 32-годишниот Ф.Т.(32) од Драгаш, исто така, од Косово. При судирот А.Т.( 58 ) која била сопатничка од „Цитроенот завршила со телесни повреди и со друго возило била пренесена во Тетовската болница. По укажаната лекарска помош била задржана за натамошна опсервација.
- Во извршениот увид првично е утврдено дека причина за несреќата е непочитување првенство на минување, а вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари, рече Јосифовски.
И во втората сообраќајка со повреда се здобила сопатничка откако автомобилот „Ауди“ со тетовски таблици што го управувал И.З.(50) од Стримница се судрил со „Опел астра“ со скопски регистерски таблици управуван од Ш.Џ.(67) од Долно Свиларе. Несреќата се случила синоќа околу 20 часот на локалниот пат Стримница-Челопек и при тоа Х.З.(51), сопатничка од Аудито, се здобила со телесни повреди. Таа со друго возило била пренесена во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.
И тука полицијата извршила комплетен увид и првично било утврдено дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите