Хорор во Тетово: 12-годишно дете избоде девојче (13)
Вчера околу 19,40 часот во Клиничката болница-Тетово, било донесено повредено девојче на возраст од 13 години од с.Милетино-тетовско, со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Ургентниот Центар-Скопје.
Извршен бил разговор со девојчето и констатирано е дека истата била нападната од четири малолетници, меѓу кои и еден 12-годишен малолетник од с.Желино-тетовско.
Во ПС-Тетово извршен е разговор со малолетното лице во присуство на родител и истиот кажал дека најпрвин девојчето го удрила со клоца во пределот на нозете, а потоа тој со ножот ја прободел и избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари