Хорор во Њу Орлеанс: Пијан возач влета во парада, 28 лица се ранети, меѓу кои и тригодишно дете
Возач. за кој постои сомевање дека бил пијан, влета вчера во маса луѓе, кои ја гледале главната парада на карневалот Марди грас во центарот на Њу Орлеанс, при што 28 лица се повредени, мешу кои и мали деца, јавија американски медиуми.
Шефот на локалната полиција, Мајкл Харисон изјави дека инцидентот нема терористичка позадина и оти по се изгледа станува збор за пијан возач, кој мометално е под истрага.
- Се сомневаме дека осомничениот бил мошне интоксициран, рече Харисон, не наведувајќи дали возачот бил под влијание на алкохол или дрога.
Двесет и едно лице е хоспитализирано, а петмина се потешко ранети. Меѓу повредените има деца од три до четири години, како и возрасни на 30-тина и 40-тина години.
Во инцидентот е повредена и една припадничка на полицијата на Њу Орлеанс.
Ново на Сител
-
,,Горан е тука“ – одбележување на 73. роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје