Македонија
3. јуни 2016 - 12:37

Хорор во Кисела Вода: Ја излажале дека се полицајци па и приредиле ужас

Драма се одвивала синоќа во Кисела Вода. Според податоците од полицијата, скопјанката Р.Ј. пријавила дека на улицата „Славка Димкова“ три непознати машки лица, кои се претставиле дека се од полиција, извршиле разбојништво врз неа.

Насилниците влегле во дневната соба преку незаклучената  врата и го одврзале нејзиното куче од раса „Пинч“, при што кучето каснало за рака едно од лицата. Кога жената се обидела да го спречинасилникот, тој ја турнал на подот, по што го зел кучето и со другите насилници заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.